Иако е често користен израз, ретко кој знае што точно значи ХТЗ. Кратенката ХТЗ стои за хигиенско-техничка заштита. Опремата која спаѓа во оваа категорија може да се користи во различни индустрии - од медицина до тешка металургија.
Има многу елементи кои спаѓаат под овој тип на опрема, а најголем дел од нив ги имаме достапни на залиха. Заштитни шлемови, маски за заварување, штитници за колена, заштитни обувки и облека, ракавици, заштитни маски и очила. Голем дел од оваа опрема е задолжителна при работата кај некои професии.
Зошто е важно да имате заштитна опрема?
Кога работите во некоја од областите што се занимава со алати или машини, тогаш преземате ризик од повреда. Некои алати и машини се побезбедни од другите, но доколку не внимавате, дури и наједноставните може да ве повредат.
Токму затоа е важно да бидете соодветно заштитени. Носењето на заштитна опрема може да ви го спаси животот во некои ситуации, а во многу да спречи посериозни повреди.
Носењето шлем не е само политика на компанијата во која работите, туку опасноста од предмети кои може да ве удрат по главата е реална. Соодветниот шлем ќе ве заштитида не настрадате фатално во евентуална несреќа
.
ХТЗ опремата претставува многу повеќе од заштита
ХТЗ опрема, како што напоменавме претходно, значи хигиенско-техничка заштита. Тоа значи дека во склоп на оваа опрема спаѓаат и разновидните типови на облека кои се задолжителни за некои професии. На пример, пожарникарите мора да имаат соодветна облека која ќе ги заштити од високите температури, а градежните работници имаат потреба од елеци кои ќе ја одржат температурата на телото во зима.